Од нула до твоја прва алатка
Куќа со соби, три бесплатни сметки, поврзување без клучеви и една реченица. Оди по ред, на твој лаптоп. Ако заглавиш, постави прашање.
- Пред да почнеш
- 1. Куќа и соби
- 2. Три сметки
- 3. Поврзи го Claude
- 4. Кој ја работи AI работата
- 5. Прва алатка
- 6. Одобрување и распоред
- 7. После
Пред да почнеш
- Лаптоп, Mac или Windows.
- Claude апликација за компјутер со платен план. Pro е доволен. Работиме во табот „Code“.
- Е-пошта што можеш да ја отвориш веднаш, за кодовите за потврда.
Твојата алатка е ресторан
GitHub е менито и фиоката. Менито со сите рецепти, а во фиоката сите стари менија. Ако новото не оди кај гостите, се враќаш на претходното.
Supabase е кујната и магацинот. Тука се состојките, твоите податоци, и тука се подготвува сè што оди на маса.
Vercel е салата. Делот каде што седат гостите: она што луѓето го гледаат кога ќе го отворат линкот.
Claude е менаџер, готвач и келнер во едно. Ти си газдата.
Конектор е клуч од еден дел на ресторанот: еден за фиоката, еден за кујната, еден за салата. Го даваш со најава во прелистувач, без да копираш ништо, и го земаш назад кога сакаш.
Куќа и соби
Пред да градиш, направи ред во папките. Така Claude знае каде е и што е договорено, и утре продолжува таму каде што застанавте.
Куќа е една главна папка. Мапата на влезот се заедничките правила за сè. Соба е еден проект, во своја папка.
Во секоја соба има три белешки:
AGENTS.md: правилата. Што е проектот, за кого е и како се работи во оваа соба.HANDOFF.md: каде застанавме. Што е готово и што е следно.FEEDBACK.md: што научи Claude од тебе. Секоја твоја исправка станува правило.
Чекори
- Направи нова празна папка на компјутерот, на пример
moja-kukja. - Отвори ја Claude апликацијата, оди во табот Code и избери ја таа папка.
- Копирај го промптот, смени го името на проектот и испрати.
Секогаш отворај ја истата папка во табот Code. Ова не е автоматска меморија, туку договор запишан во датотеки. Во друга папка Claude не ги гледа.
Три бесплатни сметки
Прво GitHub. Другите две се отвораат со еден клик преку него.
GitHub
- Отвори github.com и кликни Sign up.
- Внеси е-пошта, лозинка и корисничко име.
- Внеси го кодот што ќе ти стигне на е-пошта.
Supabase
- Отвори supabase.com и кликни Start your project.
- Избери Continue with GitHub.
- Ако те праша за организација, напиши име по твој избор и остави го планот Free. Проект не мора да правиш, тоа ќе го направи Claude.
Vercel
- Отвори vercel.com и кликни Sign Up.
- Избери го планот Hobby. Бесплатен е.
- Избери Continue with GitHub.
Hobby е за лична и пробна употреба. Кога алатката ќе почне да ја користи фирмата, се преминува на платен план.
Поврзи го Claude, без клучеви
Не копираш клучеви и не лепиш лозинки. Секое поврзување е најава во прелистувач.
- Во Claude, во табот Code, кликни + до полето за пишување.
- Избери Connectors, па Browse connectors.
- Најди Supabase, кликни Connect и најави се. Истото направи го за Vercel.
- Испрати го промптот подолу. За GitHub и за објавување на Vercel, Claude сам ќе ти отвори страница за најава, а ти кликаш Authorize.
Claude ќе бара дозвола пред да изврши команда. Прочитај што бара, па дозволи.
Преглед и исклучување: во Claude кликни Customize, па Connectors. Таму гледаш што е поврзано и го исклучуваш со еден клик.
Ако некоја услуга сепак бара клуч: не го лепи во разговорот. Речи му на Claude да ти покаже каде во поставките на апликацијата се внесува (Environment variables), и внеси го таму.
Истиот начин важи за сè друго
Gmail, Google Calendar и стотици други алатки имаат конектор. Кога ќе ти затреба, го додаваш на истото место и Claude може да работи во нив.
Кој ја работи AI работата?
Секоја алатка е три работи: екрани (што гледаш и кликаш), функции (зачувај, пребарај, пресметај, одобри, извези) и база (каде стојат податоците). AI работата може да ја работи некој од двајца:
Claude, од твојата претплата. За тебе и за твојата секојдневна работа ова е најефикасно: претплатата веќе ја плаќаш. Во алатката нема AI. Claude чита, пишува и оценува, па го запишува резултатот во базата.
API во самата алатка. За производ што го продаваш или го даваш на други луѓе, и за голем обем AI работа што тече сама цел ден. Се плаќа по употреба, одделно од претплатата.
Вечерва градиме на првиот начин. Додај ја оваа реченица на крајот од секој промпт за нова алатка:
Како изгледа тоа во пракса
- Ти му пишуваш на Claude: „Прочитај ги новите пријави, оцени ги и подели ги во категории според нашиот оглас.“
- Claude ги чита биографиите, дава оцена и категорија и ги запишува во базата.
- Ти ги гледаш подредени во алатката и одлучуваш кого да повикаш.
Промпт за твојата прва алатка
Пополни ги заградите со твои зборови и испрати го во истиот разговор.
Потоа менувај со обични реченици: „Додај колона за телефон“, „Направи го копчето поголемо“, „Додај месечен извештај“. Ако нешто не е како што сакаш, кажи му. Исправката оди во FEEDBACK.md.
Одобрување и распоред
Claude работи сè, ти одобруваш со едно копче
Пред да излезе нешто надвор, било да е е-пошта, договор, објава, фактура или потсетник:
- Claude го подготвува.
- Го гледаш во алатката, со статус „Чека одобрување“.
- Кликаш „Одобри“, го поправаш или го одбиваш.
- Claude го праќа или објавува само одобреното.
Копчето само го означува како одобрено. Claude го завршува кога ќе му кажеш, на пример „Испрати ги одобрените“, или на следната закажана задача. AI делот не работи сам во позадина.
Закажани задачи
Claude може да работи и по распоред, на пример: „Секое утро во 8, прочитај ги новите пријави и оцени ги.“
- Каде: таб Code, па Scheduled, па New task.
- Задачата работи на твојот лаптоп. Лаптопот треба да е вклучен и Claude отворен.
- Ако лаптопот бил изгасен во тоа време, Claude ја завршува задачата првиот пат кога ќе го вклучиш.
Со конектори оди подалеку
- Gmail: Claude сам ги чита новите пораки и ги праќа одговорите што си ги одобрил.
- Google Calendar: роковите од твојот планер се појавуваат во календарот.
- Социјални мрежи: може да се поврзат на повеќе начини. Тогаш Claude помага со објавување, одговори на пораки и коментари и чистење спам, со твое одобрување.
После работилницата
- Продолжи во истата папка. Кога ќе се вратиш, во Claude пак избери ја
moja-kukja. Белешките и кодот се таму. - Пробни податоци додека учиш. Не внесувај вистински податоци за вработени, клиенти или договори.
- Ти одлучуваш. Claude подготвува сè, надвор излегува само она што си го одобрил.
- Клучевите се твои. Конектор што не ти треба го исклучуваш во Customize, па Connectors.
Кажи ни која алатка ти треба Постави прашање
Сакаш да продолжиш со нас? Приклучи се на листата на DigitAIze.